Љубовта ги прави луѓето појаки и поотпорни. Им помага побргу да оздрават и го продолжува животот.
Дали знаевте дека љубовта може да лекува?
Научниците одамна ја проучуваат љубовта и биохемиските процеси кои го следат нејзиното влијание на здравјето. Љубовта му помага на организмот да функционира онака како што треба, па ги прави луѓето појаки.
Природен аналгетик
Според некои истражувања, окситоцинот кој се ослободува во мозокот кога се прегрнуваме, може да ги отстрани болките. Дури и самото гледање фотографија од саканата личност го зголемува прагот на издржливост и ја намалува болката. Причината за тоа е фактот дека мозокот ја поврзува сликата за партнерот со удобната дистракција што ја прави болката поподнослива. На ист начин делува и аналгетикот. Освен тоа, докажано е дека сексуалната стимулација ја блокира болката. Тоа е особено делотворно кај луѓето што имаат хронична болка во грбот.
Љубовта е добредојдена во стресни ситуации. Истражувањата покажале дека искажувањето љубов долгорочно го намалува ризикот за настанување срцеви заболувања.
Љубовните гестови, од држење за рака до сексуални активности, го зголемуваат нивото на ендорфинот, што пак, го зајакнува имунитетот. Исто така, луѓето кои имаат здравствени проблеми, а се чувствуваат сакано, подобро реагираат кога се лекуваат и имаат појака мотивација за борба против болестите.
Љубовните хормони окситоцин и ендорфин придонесуваат за намалување на нивото на хормонот на стрес, кортизол.
Луѓето што се во стабилни односи особено во брак се чувствуваат поздраво. Живеењето со партнерот им помага на луѓето полесно да ги спречат здравствените проблеми, или ако ги имаат, порано да ги откријат, а со тоа и да се ослободат од нив.
Заљубеноста сепак може да ја намали концентрацијата, поради што заљубените луѓе тешко се сосредоточуваат на некои специфични зафачи – покажува истражувањето објавено во списанието Motivation and Emotion”.
Се покажало дека луѓето кои се сакаат и кои имаат сериозни и стабилни врски, живеат подолго. Отворете го своето срце и покажете љубов, бидејќи тоа е најефикасниот начин да ја добиете уште повеќе!
Извор: avaz.ba