Рецепт: Слатко задоволство со банана, ванила и карамела – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 9:49 PM

Рецепт: Слатко задоволство со банана, ванила и карамела

Банана, фил од ванила и прелив со карамела – ова е експлозијата од вкусови што ја сочинува основата на десертот кој ви го претставуваме денеска. Рецептот е едноставен и дефинитивно ќе ги заслади празничните денови кои претстојат.

Состојки:

Прв слој:

– 350 гр мелени бисквити

– 100 гр путер

– 1 лажица шеќер

Втор слој:

– 150 гр шеќер

– 50 гр густин

– 1/2 лажичка сол

– 3 чаши млеко

– 2 јајца

– 30 гр путер

– 1 лажичка екстракт од ванила

– слатка павлака

– прелив од карамела

– банана

Подготовка:

Измешајте ги мелените бисквити со шеќерот и прелијте со стопениот путер.

Измешајте добро и оставете ја смесата настрана.

Изматете ги јајцата со вилушка и оставете ги настрана.

Во помало тенџере измешајте го преостанатиот шеќер со густинот и солта. Полека додавајте млеко и со константно мешање гответе на оган, се додека не добиете густина како на пудинг.

Одделете неколку лажици од филот и додајте ги на јајцата. Измешајте убаво па ова вратете го во тенџерето со филот и гответе уште една минута.

Додадете го екстрактот од ванила и путерот. Мешајте додека да се соединат состојките, па ставете ја смесата во фрижидер за да се излади.

Садот покријте го со фолија.

Потоа со миксер изматете ја слатката павлака, а бананата исечете на кругови.

Од смесата со кекс нанесете на дното на чаша, потоа ставете од преливот со карамела, па потоа филот од ванила, бананата и на крај шлагот. Повторувајте ја постапката се’ додека не се наполни чашата.

Десертот се служи ладен.

 

Фото:   PrtScr /  Bigger Bolder Baking

Извор:  rs.n1info.com