Обединетите нации (ОН) предупредија дека околу 1,3 милиони бегалци може да се соочат со криза за храна во африканската држава Уганда, поради негативното влијание на новиот вид коронавирус (Ковид-19) врз економијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Светската програма за храна на ОН за Уганда, Ел Кидир Далум, нагласи дека од кризата со храна особено се погодени жените и децата.
„Поради намалувањето на помошта, 1,26 милиони бегалци во Уганда се соочуваат со криза за храна“, рече Далум.
Нагласувајќи дека милиони бегалци од соседните земји како Бурунди и Јужен Судан се засолниле во Уганда, Далум рече: „Ковид-19 не треба да биде изговор за светот да им сврти грб на бегалците во ова страшно време.“
Источноафриканската земја Уганда е позната како земја што прифаќа најмногу бегалци на африканскиот континент.