Американската пивска компанија „Бадвајзер“ на невообичаен начин му оддаде почит на легендата на Барселона и светскиот фудбал, Лео Меси.
Меси против Ваљадолид во последното коло го постигна 644-от гол за Барселона и го сруши рекордот на Пеле по број на постигнати погодоци во еден клуб, а тоа претставуваше повод за „Бадвајзер“ на оригинален начин да се промовира себеси и да манифестира огромно почитување за постигнатото на еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот.
-Во оваа игра, нема лесен погодок. Затоа ние креиравме посебно шише за сите 644 голови на Меси. Да, 644 уникатни шишиња кои ги испративме до сите 160 голмани против кои Меси ја затресол мрежата, велат од компанијата.
Меѓу најпознатите голмани на чија адреса се пристигнати едно, две, три или повеќе шишиња, се најдоа голманите на Јувентус, Џиџи Буфон, голманот на мадридски Атлетико, Јан Облак и голманот на Челзи, Кепа Аризабалага.
Фото:
Twitter / @budfootball
straitstimes.com