Фолк пејачката Сузана Гавазова веќе го накити нејзиниот дом во Струмица. Елката, лампионите и сијаличките за радост на Емели и Селена светнаа, а таа се подготвува за новогодишната ноќ да пее. Да, да, и кога се е затворено и кога сите луѓе поради приликите ќе бидат дома, таа ќе им пее. Подготвува онлајн новогодишен концерт, бидејќи, како што вели, добила многу пораки од љубителите на нејзината музика, да запее и заедно сите виртуелно да ја дочекаат новата 2021 година. Сузана за ММС ја отвори вратата на нејзиниот дом, за да ја видиме новогодишната елка и да ни открие што очекува од новата и како и поминала старата година.
-Оваа година знам само едно, дека сите ќе имаме иста желба- да исчезне пандемијата што побрзо и да се вратиме на нормалниот живот. Останавме здрави и живи среќна сум поради тоа. Иако за мене и не беше толку лоша година и покрај пандемијата и сите забрани. Се одморивме, повеќе бевме со семејството и,секако, обрнавме повеќе внимание на здравјето. Затоа велам дека беше убава година. Кога ќе помислам сега после се, леле кај сме брзале толку натаму -наваму. Навистина после толку седење дома сега си мислам кај сме брзале. Сепак, најважно е што сме живи и здрави сите. Навистина здравјето е најважно и од секогаш било. Затоа и не сакам лошо да мислам за 2020 година, и покрај тоа што се случи пандемијата, која никој не ја очекуваше и посакуваше. Ама такви пандемии имало, еве има и не дај Боже пак да има. Јас сум оптимист, велат до мај би требало да се среди и дај Боже да е така.
Што е она што ке го направиш кога ќе речат- нема веќе пандемија?
-Што да направам, па ќе запеам, тоа најдобро го знам и ќе одам на трунеја низ Австралија, Америка. Едвај чекам. Имав закажано и на двете места ама се откажа поради пандемијата. Оваа година ми се случи мојот најголем хит во кариера „Бум бум“ иако голем губиток е по таква песна да не работиш, да не ја промовираш ама здравјето пред се. Ете другата година може некој нов ќе се појава па и двете одеднаш ќе ги промовирам. Годинава еве вака помина.
Ова е време кога вие пејачите ги земате најголемите пари. Како ќе ја поминеш оваа Нова Година, кога веќе нема да пееш никаде за дочек?
-Ќе поканам пријатели кои ни се многу блиски, кои се негативни на тест и ќе направиме лајф концерт од дома, кој ќе трае 2.5 часа. Ова е за луѓето кои ќе седат дома за дочекот. Еве и за тие што живеат во странство, бидејќи мерките се исти. Значи ќе имам онлајн концерт од дома.Тоа го побара публиката од мене и морам да им удоволам. До тогаш со Златко Миладиновски подготвуваме снимаме кавери на македонски песни, околу 15-20 познати песни. И тоа ќе го има.
Се подготви ли дома, кога веќе домашниот амбиент ќе ти биде сцена, накити ли елка?
-Да, да. Дома накитив по желба на Селена и Емели и тие ми се најголемите мотиватори. Денес ќе пишуваат писмо на Дедо Мраз за подароци. Едната е во школо, другата во градинка и преку цртеж си ги кажуваат желбите. Кога ги донесоа цртежите дома гледам ја нацртале мама. Епа да е жива и здрава мама, така е тоа, мајката е најважна. И тато секако. За Божиќ ќе има еден подарок на публиката од мене, Влатко и Дамјан, ќе снимиме мини концерт. Тогаш нема да биде во живо, ќе славиме Божиќ. Јас секоја година месам лепче и пита, а Јасмин ми помага. Па тој веќе ги знае сите наши обичаи. Правиме сарма, пржиме риба. Вртиме паричка. Лани се падна во куќата.
Се навикна ли твојот сопруг Јасмин на живот во Струмица?
-Се навикна, има многу пријатели. Сега има повеќе пријатели тука отколку во Шведска и Босна. Овде има повеќе сонце, убаво му е а во Шведска веќе цел месец немаат сонце. А сонцето влијае на расположение. Нам многу ни влијае сонцето.
И кога се пее за без пари ти не мируваш?
-Никако. Еве сега подготвувам песна „Прстен несуден“ и ќе ја пуштам со спот пред Нова Година. Па, ете и уште една новост од мене. Песната е весела, но со тажна приказна. Спотот се снимаше во Охрид, но нема да откривам многу, да биде изненадување. Даниел Јовески и Ин продукција го снимаа. Со Ице од Прилеп, пак, уште еден проект снимавме. Значи ете, и покрај тоа што е тешко времето, сепак, се трудиме да работиме да не ги запоставиме и нашите во дијаспората, на кои највеќе им недостига македонската музика.
Како ја издржа годинава без приходи?
-Тешко е, постојано вложувавме и во лајфовите што ги правивме се вложуваат пари а нема фит бек. Но, и покрај тоа не смее да се застанува. Лугето тоа го почитуваат и има многу позитивни коментари, ме сакаат и секако морам со добро да вратам.
Дали зема помош од државата?
-Да, и се бунат, ми велат- малку ли ти се парите. Луѓе, јас тие пари сум ги заслужила. Јас никогаш ништо не сум земала од државата. Секако дека ги земав, тоа државата ги дава. Ама не ги задржав за себе. Тие пари ги дадов на семејство кое е социјално загрозено. Но, немам потреба да раскажувам дека некому сум помогнала. Сум можела сум помогнала, не сметам дека треба да ѕвонам на сите ѕвона за тоа што сум го направила. И не е прв пат да помагам ама ниту сум сакала, ниту сакам да зборувам за тоа. Тоа си е моја интимна желба и приватна работа на семејството на кое сум му помогнала. Сега велат дека повторно ме следува од четвртиот пакет мерки иако сеуште не сум добила ништо. И тие ќе ги земам секако, и тие ќе ги дадам. А зошто да не?! Овие ако ги добијам нема да ги дадам на истото семејство, на друго на кое му треба. Ова не сакав да го кажувам, не е важно, не треба да се каже ако од срце се помага ама морав заради негативните коментари. Луѓето навистина не знаат што се случува, дури и колнат. Една ме колнеше што сум земала 14.500 денари. Но, не сакам да ги коментирам, некои луѓе се очајни од љубомора и завист и не сакам ниту да им ја мислам нивната злоба. Јас не барав да ми се дадат туку како членка на Здружението на естрада ги добив. Ги добив, ги земав, ги предадов. Тоа се мои пари кои сум ги заслужила и јас сакам од срце некому да му се најдат.