Довидување Тухел, добредојде Покетино – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 4:58 PM

Довидување Тухел, добредојде Покетино

Тухел освојуваше купови, трофеи во Француското првенство, но не го освои оној најважниот за кого мечтаат и фановите и богатите сопственици на Париз Сен Жермен.

Неуспехот во Лигата на Шампионите и поприлично бавниот старт во Ligue 1, ги натера челниците на најуспешниот француски клуб во последната декада да го отпуштат германскиот стратег. Победата против Стразбур од 4:0 не претставуваше доволна причина за премислување на раководните лица на парижаните. Тухел на „Паркот на принцовите“ зачекори во јуни 2018 година, заменувајќи го Унаи Емери.

Според Мухамед Буфахси од „RMC“, замената за Тухел во ПСЖ ќе биде поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино. Покетино се „враќа дома“, откако од 2001 до 2003 година во играчките денови го носеше дресот токму на ПСЖ.

Најдоцна до утре Аргентинецот ќе го преземе кормилото на францускиот шампион, а само некои ситни детали во договорот кој начелно е прифатен од негова страна, го делат некогашниот предводник на Еспањол и Саутемптон да застане на чело на клуб со кој ќе може конечно да освојува трофеи.

Минатата година во ноември по лошата серија, Тотенхем му врачи отказ на Покетино и оттогаш аргентинскиот тренер беше без професионален ангажман.

 

 

Фото:

Twitter /@LaurensJulien