Пониква подготвена за првиот поголем снег – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 4:08 PM

Пониква подготвена за првиот поголем снег

Пониква останува единствениот зимски центар од левата страна на течението на Вардар. Таму, оваа сеозна ќе може да се користат ски лифтовите, кои по 40 години беа реконструирани. Овој проект беше оценет како приоритетен на форумот на заедниците, каде граѓаните одлучуваа како да се распоредат пет милиони денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

– Мене ми е особено задоволство што овие ски-лифтови повторно се ставени во полна функција со реконструкција која се одлагаше цели 40 години. Беа заборавени во времето, а денес, со нивната безбедност, стануваат потенцијал за рекреативен и спортски туризам, а ски-центарот Пониква, со уште поголем капацитет, го добива заслуженото место на атрактивен регионален зимски ресорт“,  рече денеска  претседателот на Владата Зоран Заев при увидот во тековни и завршени проекти на Пониква.

Осоговските Планини минатиот месец беа прогласени за заштитен предел. Со тоа е ставен под заштита специфичниот „Осоговски рурален предел“, кој ги потврдува карактеристичната поврзаност меѓу луѓето и природата и исклучителните природни, културни и историски вредности на Осоговските Планини.

Заштитата на природата носи повеќекратен бенефит – зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.

-Со прогласување на Осогово за заштитен предел процентот на заштитени подрачја во државата се зголеми на 10,8% отсто. Денеска гледаме конкретно што значат инвестициите во еко-системски услуги. Се надевам дека успешната приказна за „заштитено Осогово“ ќе биде добар пример и за другите процеси кои во моментот ги водиме – меѓу кои и прогласувањето на Шар Планина за национален парк, што ќе отвори исти вакви можности и за тамошното население“, кажа Насер Нуредини, министер за заштита на животната средина и просторно планирање.

Покрај рекунструкцијата на ску лифтовите, во тек е проектот „Планински велосипедски рај“, во чии рамки е и изградбата на нов планинарски дом и 35-километарска велосипедска патека.