Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, пишува „Призма“.
„Особено кај Албанците, Буњаку е познат како предводник на навивачката група ‘Шверцери’, истата група чиј основач бил Груби. Има ‘сочно’ полициско досие и проблеми со законот од 2011 година. Сегашниот советник на Груби учествувал и во тепачките на Кале во 2011 година за изградба на црквата-музеј. Не само што учествувал, туку тогашниот заменик-министер за полиција, Џевад Бучи, привремено го ослободи, кога пред телевизиските камери му ги извади лисиците.
Популарниот пејач Шпат Касапи од неодамна исто така влегол во кабинетот на Груби. Тој е син на експратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи, пишува „Призма“.
Повеќе на prizma.mk
фото: Шпат Касапи/инстраграм