Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина jaвно ја прими премиерката Ана Брнабиќ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.
Првите количества на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе бидат вакцинирани штитениците на старски домови во Белград и во Нови Сад.
Српските медиуми напоменуваат дека, по Велика Британија, Србија е втората европска земја што добила вакцини „Фајзер“.