Во текот на изминатата недела (17.12 – 23.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 178 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 19 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 159 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштуваат од Град Скопје
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 332 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 19 возилa се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.