Сокрил повеќе од 2,5 килограми кокаин зад слики на Марадона: Притворен германски Хрват на истанбулски аеродром – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 8:16 AM

Сокрил повеќе од 2,5 килограми кокаин зад слики на Марадона: Притворен германски Хрват на истанбулски аеродром

Откриени се два килограми и 650 грама кокаин на аеродромот „Истанбул“, скриен зад 12 слики со ликот на неодамна починатиот светски познат фудбалер Диего Армандо Марадона, известува агенцијата Анадолија (АА).

Царинските екипи на аеродромот „Истанбул“ спроведоа операција во која поради сомнителното однесување на 72-годишниот М.Р., германски државјанин со хрватско потекло, кој од Колумбија слетал на аеродромот Истанбул, пребаран е неговиот багаж со томографски уред за скенирање со х-зраци.

При томографското скенирање забележана е сомнителна густина меѓу сликите во багажот, по што багажот е контролиран и со кучиња. По реакцијата на кучињата, откриени се два килограма и 650 грама кокаин скриен во заднината на сликите.

Лицето е приведено, а откако е изведено пред суд, утврден му е притвор.