Тајландскиот Дедо Мраз јавајќи слон дели заштитни маски – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 10:26 PM

Тајландскиот Дедо Мраз јавајќи слон дели заштитни маски

Дедо Мраз на Тајланд ги остави ирвасите да одморат и на слон тргна во посебна божиќна посета, за да ја зголеми свеста за заканата од коронавирусот. Со долга бела брада, облечени во црвена облека и со капи, помошниците на Дедо Мраз на украсени слонови им делат заштитни маски на учениците, мотоциклистите и на возачите кои се на минување.

„Смешни се и драги, мислам дека се многу слатки“, изјавил еден основец.

Слоновите на крајот на годината ги посетуваат училиштата веќе две децении и во таа прилика учениците добиваат колачи и играчки. Оваа година и слоновите држат физичка дистанца, тие се надвор од училиштата и наместо колачи, делат маски за лица.

„Овие четири слонови кои му се придружба на тајландскиот Дедо Мраз  ги поттикнуваат луѓето да носат маски, да ги мијат рацете и да ги почитуваат владините препораки“, изјави Итхи Панкхавламаи, кој управува со локалниот парк на слонови.

„Малку сум тажен бидеји слоновите не можат да влезат во училиштето“, додаде едно дванаесетгодишно дете.

Тајландските власти повикаа на дополнително внимание откако  изминатиот викенд беше потврдено дека најголемото ширење на заразата е во центарот за морски плодови во близина на Бангкок.

 

Фото:  Snapshot

Извор:  rs.n1info.com