Пријателите во животот ни служат за да се потпреме на нив, тие се луѓе на кои им веруваме, кои се покрај нас кога се радуваме и тагуваме. Меѓутоа, денес не можете да знаете дали оние што ги сметате за пријатели се искрени. Исповедта на една изиграна жена од Србија е јавно споделена, па може да ја прочитате во продолжение.
„Во брак сум повеќе од дваесет и пет години и како и сите српски семејства поминавме низ многу убави, но и многу тешки ситуации. Создадовме многу пријателство, а јас и понатаму сепак се дружев редовно со другарките од студентските денови. Тие беа на мојата свадба, едната од нив ми беше и кума. Бев покрај нив кога раѓаа деца, кои јас ги сметав како свои. Ниту една од нас немаше мирен живот, но заеднички истуркавме. Оваа пандемија исто така донесе различни чувства – нервоза, страв и слично. А јас дознав дека моите пријателки не се мои и дека никогаш всушност не ни биле. Додека една мирна вечер, пиејќи кафе, јас и сопругот зборувавме за животот, сама по себе се појави и темата за пријателствата.
Јас да сум на твое место никогаш не би тврдел толку децидно дека тие ми се пријателки“, рече мојот сопруг и јас се „сепнав“. Од каде му е правото за да зборува така? Барав од него да ми го објасни таквиот став или никогаш повеќе да не каже нешто слично“, ја почнува жената својата животна приказна.
Откако поминаа неколку минути, на мое инсистирање тој почна да зборува, а јас бев во неверување.
„Па знаеш, не можам да верувам дека ти цело време така убаво зборуваш за неа, а не ја познаваш добро. Таа дојде кај нас уште додека се забавувавме и ми рече дека ти се неодговорна, алчна, но и дека не и’ е јасно зошто сум со тебе. Бев шокиран кога ми го кажа тоа, тогаш обрнував малку внимание на таквите работи, а потоа го доживеав твоето претворање на гнасната гарсоњера што ја изнајмивме, во магично и чисто место. Тогаш се ослободив од сите сомнежи во тебе. А потоа уште две од твоите пријателки почнаа да зборуваат уште полоши работи, кои дури не можам да ги изговорам. Се сеќаваш кога те следев, се сомневав во тебе, ти го проверував телефонот? Се’ ти е јасно, ти не знаеш која е во суштина, твојата жена? Оваа реченица долго ми се моташе низ глава. Ете ти кажав. Можеби и не требаше, но сега ти кажав. Ги почитувам поради тебе, ти ги сакаш, ти беше нанивна страна и тогаш како не требаше, а сега е можеби и време да знаеш дека нема од нив да добиеш помош, бидејќи ќе уживаат во твојата несреќа“, додаде маж ми.
Неговите следни зборови ме засрамија.
„Толку беше сигурна во твоите пријателки, што тогаш не би ми верувала и се’ ќе се расипеше меѓу нас. Не провоцирам, ти ми роди деца, ќе поминеме заедно низ уште многу нешта, те познавам и знам дека сега си подготвена да го прифатиш сето ова што ти го кажав“, ми кажа мојот сопруг а јас плачев со денови.
Всушност, и по ова што ми го кажа маж ми, јас и понатаму сум пријателка со нив, ќе им помогнам доколку можам, ќе ги сослушам, но тажно е јас веќе не можам да им верувам. Не е до нив, туку до мојата погрешна проценка. Сепак, не ми ја убија вербата во луѓето. Јас да слушнев вакви работи од пријателите на сопругот, дали ќе постапев како него, не знам. Само така можеш да градиш врски околу себе, искреност кон себеси“, завршува исповедта на читателката.
Извор: kurir.rs