Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти за 75 општини – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 8:32 PM

Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти за 75 општини

Владата  вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

-Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа претходно од Владата  99.те проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.