Дедо Мраз подрани кај Наташа Беквалац: Пејачката го покажа подарокот – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 7:57 PM

Дедо Мраз подрани кај Наташа Беквалац: Пејачката го покажа подарокот

Како што се ближат празниците, така се’ повеќе им се радуваме на подароците, а кај некои Дедо Мраз подрани и веќе затропа на вратата. Имено, пејачката Наташа Беквалац објави дека не можела да верува кога видела дека на нејзината врата пристигнал подарок од легендарниот дедо кој секогаш е актуелен во овој период од годината.

Тој и’ донел пакетче од пријателите, а во прашање се мафини со кои популарната пејачка се пофали на Инстаграм.

За потсетување, Беквалац зад себе има три брака и таа неодамна призна дека над две години е сама. Додаде дека иако не бега од нова љубов, смета дека мора да помине уште време за да биде подготвена повторно да сака некој маж.

„Кога влегувате од врска во врска како што јас влегував, енергијата од претходниот однос и понатаму е овде.  Сега си дадов време себеси, направив пауза. Одлучив да ја прочистам својата енергија, животот, мислите. Ваква ќе бидам најдобра за своите деца, за некој нов маж ако некогаш влезе во мојот живот, но и за самата себе“, порача Наташа за Информер.

 

Фото:  Instagram / Bekvalceva

Извор:  kurir.rs