Полицијата приведе битолчанец: Дома имал над 2000 пиротехнички средства – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 7:36 PM

Полицијата приведе битолчанец: Дома имал над 2000 пиротехнички средства

Битолската полиција денеска привела триесет и осумгодишен маж, откако при претрес во неговиот дом пронашла пиротехнички средства.

МВР соопшти дека се пронајдени 2404 парчиња.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.