Поразот на Волвс од Барнли во понеделникот силно го налути тренерот на „волците“ Нуно Еспирито Санто, кој веднаш по завршувањето на дуелот вината за неуспешниот резултат ја адресираше кај главниот арбитар Ли Мејсон.
Португалскиот стратег го окарактеризираше судијата Мејсон како „недоволно добар за високо ниво“, а таквиот коментар наиде на реакции од ФА која допрва ќе одлучува дали и како ќе го казни поранешниот тренер на Валенсија.
Сепак, Санто ќе остане при своите зборови и нема да се извини за кажаното и единственото нешто поради кое жали е тајмингот на таквите коментари.
-Нема да се извинам за моите зборови и мојот став. Единствено жалам за тајмингот. Не беше баш кажано во најдобар момент и со самото тоа е кажаното е подложно на различни интерпретации. Никогаш не го доведов до прашање интегритетот на судијата, туку зборував за неговите можности, објасни Португалецот.
Во рамките на 15-тото коло во Премиер Лигата, Волвс го пречекува Тотенхем на „Молињу“.
Фото:
besoccer.com