Новиот шестосед на Попова Шапка сè уште не профункционира – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 5:53 PM

Новиот шестосед на Попова Шапка сè уште не профункционира

Не престануваат реакциите за неработењето на новиот шестесед на Попова Шапка. Од центарот пак не престануваат најавите дека новата жичница ќе профункционира наскоро.

По острата реакција од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка дека новиот шестосед не работи иако скијачите кои купуваат ски карти ја заслужуваат оваа услуга, денеска група скијачи кои беа дојдени на центарот, велат дека новиот шестосед значително би ги намалил гужвите и мора што поскоро да се пушти во употреба.

Од раководството на скијачкиот центар Попова Шапка, велат дека поради корона кризата се одолжил процесот за технички подготовки потребни за пуштање во употреба на новиот шестосед.

Се работи за модерен шестосед кој пред изборите оваа година беше свечено пуштен во употреба, но сега кога највеќе треба не е во функција.

 

 

 

Зоран Димовски