Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров е добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело, за МИА потврдија од македонската Федерација на планинарски спортови.
Минчоров е долгогодишен член и актуелен претседател на планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Тој ја добива престижната плакета за оваа година, со ликот на Даре Џамбаз, за долгогодишна активност и придонес за развивање на македонското планинарство.
Ваква одлука донело претседателството на македонската Федерација на планинарски спортови на онлајн седница.
По разгледување на пристигнатите предлози, било одлучено плакета да се додели и на Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов” од Битола, за долгогодишна активност, јубилеј од 60 години традиција и придонес за развивање на македонското планинарство.
-За врвно спортско остварување во планинарството за 2020 година, плакета се доделува и на Илина Арсова од ДПС „Трансверзалец”, од Скопје, а признание за млада надеж во планинарството на Меланија Јовановска од ПК „Ај Лав Хајкинг Груп Маседонија”, додаваат од Федерацијата. Доделувањето на плакети и признание ќе биде дополнително.
Фото:
pskdimitarilievski-murato.com