По три угостителски објекти затворени во Скопје и Гостивар, два во Кумановo – не ги почитувале протоколите за работно време – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 3:22 PM

По три угостителски објекти затворени во Скопје и Гостивар, два во Кумановo – не ги почитувале протоколите за работно време

На само неколку денови од Новата година, Инспекциските служби ги интензивираат надзорите на терен, во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа координирани акции кај различни субјекти, изјави на прес конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Седумте инспекциски служи од 14 -ти до 20 ти декември, во овој период инспекциските служби извршиле вкупно 5858 контроли и надзори.

„Државниот здравствен и санитарен инспекторат, изврши вкупно 98 надзори врз основа на кои изрече 10 решенија, 9065 решенија за самоизолација“, рече Филиповска Грашкоска.

Во истиот период инспекторите од пазарниот инспекторат извршиле 4338 контроли и 546 надзори поврзани со почитувањето на здравствените протоколи, затворање на работа на кафетерии и угостителски објекти, но исто така поврзани и со многу други поврзани материјални закони по што постапува овој инспекторат.
„При спроведените надзори на пазарните инспектори изречени се 39 прекршочни пријави, 56 решенија за констатирани неправилности, и 49 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија 8 решенија се донесени поради непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителски објекти кои се однесуваат за по три угостителски објекти во Скопје и Гостивар и два угостителски објекти во Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето до четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење на дејност, се затворени и се изречени соодветни прекршочни платни налози“, рече Филиповска Грашкоска.

Во истиот период инспекторатот за транспорт изврил 53 надзори, при што за непочитување на материјалните закони, изречени се 11 прекршочни пријави и 8 решенија. Од вкупно спроведените надзори 23 се извршени согласно законот за заштита на населението од заразни болести при што се изречени три прекршочни пријави поради непочитување на протоколите за превоз на патници и тоа една прекршочна пријава за превоз на патници во Ресен, и две прекршочни пријави за превоз на патници на Деве Баир.

Државниот инспекторат за труд во изминатите седум дена изврши вкупно 450 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол на почитување на превентивни мерки за сите работни места. Овој инспекторат изрече 12 решенија и 5 прекршочни патни налози кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа. Во однос на законот за заштита на населението од заразни болести, трудовиот инспекторат во три случаи констатирале прекршување на протокотот за превентивни емрки на сите работни места, за што изрекле и соодветна мерка.

Агенцијата за лекови и медицински помагала во ситиот период спровела 28 надзори во аптеки на територија на целата држава при тоа се контролирани формираните цели за заштитни средства од корона каде што не се утврдени неправилности, но се издадени две решенија согласно законот за лекови и медицински помагала.

Г.Д