Српската премиерка Ана Брнабиќ утре ќе се вакцинира против Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 1:06 PM

Српската премиерка Ана Брнабиќ утре ќе се вакцинира против Ковид 19

Вакцината против вирусот корона ќе биде прва што утре ќе ја примаат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад, но и премиерката Ана Брнабиќ и министерот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, тврди Танјуг со потврда од српската влада.

Првите граѓани ќе ја примат вакцината „Фајзер“, која пристигна во Србија вчера, утре во 11 часот.

Исто така, утре, во Институтот „Торлак“, против корона ќе бидат вакцинирани премиерот на Србија Ана Брнабиќ и министерот за труд, вработување, ветерани и социјални работи, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека некој од врвот на државата ќе ја прими вакцината како сигнал дека е неопходна и добра, но тој не прецизираше за кого ќе се работи.

Преземено од: https://rs-lat.sputniknews.com/