Мажот осомничен за убиство на тројца полицајци во Франција е пронајден мртов, објавил на Твитер министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин. Специјалните единици излегле на лице место по пукањето, пренесуваат медиумите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците убиени во инцидентот биле на возраст од 21, 37 и од 45 години. Четвртиот полицаец не претрпел рани опасни по живот.
Тројцата полицајци се убиени, а уште еден е ранет, ноќеска по полноќ откако кон нив пукал 48-годишен маж во централна Франција, додека полицајците се обидувале да ѝ помогнат на неговата жена која пријавила семејно насилство.
Инцидентот се случил во близина на градот Сент-Жист на полноќ, откако полицијата добила повик за семејно насилство.
На полицајците пукал маж (48) додека се приближувале кон куќата за да ѝ помогнат на жената.
Истрагата е во тек, бидејќи мажот и мотивите за пукањето сè уште не се познати.