Франција ја укина забраната за патување во Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 9:58 AM

Франција ја укина забраната за патување во Велика Британија

Министерството за транспорт на Франција соопшти дека меѓу двете земји е потпишан протокол, кој предвидува повторно започнување на воздушниот, поморскиот и железничкиот превоз од 23 декември, пренесува aгенцијата Анадолија (АА).

Секој што сака да патува од Велика Британија до Франција, ќе мора да направи тест за Ковид-19 до 72 часа пред патувањето.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тие што нема да достават извештај дека се негативни, нема да можат да се качат во возилата за превоз.

Без оглед на нивното државјанство, сите возачи на камиони ќе мора да прават тестови за Ковид-19.

Протоколот, што ќе биде разгледан на 31 декември, веројатно ќе продолжи до 6 јануари.

Осврнувајќи се на ова прашање, министерот за транспорт Грант Шепс, истакнувајќи дека е задоволен од договорот, рече: „Со овој протокол, француската граница ќе биде повторно отворена за оние што патуваат поради итни причини, под услов да имаат негативен тест за Ковид-19.“

Нагласувајќи дека се обидуваат да го намалат метежот во пристаништата, Шепс упати повик до транспортерите да не одат на пристаништата до ново известување.

По појавата на новиот сој на Ковид-19, што се шири 70 проценти побрзо, повеќе од 50 земји ги стопираа патувањата во Велика Британија.