Крваво утро во Франција: Убиени тројца полицајци кои сакале да спасат жена од семејно насилство – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 8:38 AM

Крваво утро во Франција: Убиени тројца полицајци кои сакале да спасат жена од семејно насилство

Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет утрово откако излегле на терен по повик да спасат жена од семејно насилство, јавуваат агенциите (фото-АП,Танјуг).

Полицајците се застрелани во инцидент во централна Франција. Според агенцијата АФП, сторителот е 48-годишен маж.

Жената била спасена и безбедна и се наоѓала на покривот на куќата, а засега не е познато дали е уапсен убиецот на полицајците. Акцијата на полицијата била во тек.