Штипското текстилно училиште се реновира – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/18 10:27 AM

Штипското текстилно училиште се реновира

Во штипското Средно текстилно училиште интензивно се врши реновирање на училниците и наставничките канцеларии. Директорот на Општинското средно училиште (ОСУ) Димитар Мирасчиев Штип, Дејан Доневски денеска рече дека во училниците се веќе поставени нови магнетни табли, а бојадисани се и сите училници, ходници и канцеларии во училиштето.

– Холтикултурното уредување на паркот е завршено. Се надевам дека до почетокот на учебната година ќе бидат реконструирани и тоалетите, како што најавив во јуни веднаш започнавме со работа во соработка со Универзитетот Гоце Делчев. Така што се надевам од 15 август кога веќе започнува да се работи во училиштата ќе бидат готови и санитарните чворови, вели Доневски.
Реновирањето на училнците се реализира од сопствениот буџет на текстилното училиште.

 

Извор:МИА