Доколку јадете на нервна база, добро е да знаете дека не сте единствени. Кога сме под голем стрес, лесно е да пронајдеме утеха и смиреност во храната. Тогаш не јадеме за да ја задоволиме физичката, туку емоционалната потреба.
Пакетче чипс или парче чоколада се дел од нештата кои може да ни донесат краткотрајно задоволство, по што следува каење. На овој начин се создава затворен круг – се чувствуваме лошо па јадеме, па потоа се чувствуваме уште полошо. Прекинувањето на врската меѓу храната и емоциите знае да биде вистински предизвик.
Не бидете престроги кон себеси
Не омаловажувајте се себеси во ситуациите во кои не можете да им одолеете на искушенијата. Наместо да донесете одлука да јадете повеќе кога сте бесни, бидете свесни дека никој не е совршен. Дозволете си простор за грешки и не казнувајте се дополнително со каење.
Почекајте навистина да огладнете
Наместо веднаш да посегнете по храната, почекајте да почувствувате глад, а во меѓувреме окупирајте си ги мислите на друг начин. Опуштете се со активностите што ви годат. Пешачете, пејте, танцувајте или занимавајте се со рачна изработка.
Позанимавајте се со причината на проблемот
Откријте што ве вознемирува и ви создава анксиозност. Наместо проблемите да ги решавате со јадење, обидете се да ја откриете вистинската причина. Водете дневник и запишувајте што јадете, но и како се чувствувате во тие моменти. Доколку се чувствувате осамено, позборувајте со некој од членовите на семејството.
Уживајте во подготовката на оброците
Празничниот период искористете го за подготовка на омилената храна. Вложете исто време и внимание во подготовката и јадењето на храната. Исклучете го телевизорот, ослободете се од мобилниот телефон и јадете без нешто да ви пречи. Дозволете си навистина да уживате во храната, во мирисот и вкусот.
Извор: srbijadanas.com