Вики Миљковиќ украси во пресрет на празниците: Дом како празнична бајка! – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 9:14 PM

Вики Миљковиќ украси во пресрет на празниците: Дом како празнична бајка!

Пејачката, Вики Миљковиќ на големо се подготвува за претстојните празници. За ова зборува и тоа што нејзиниот дом кој се наоѓа во луксузна населба во Белград, е претворен во преубава новогодишна бајка. Пејачката се потрудила да создаде совршен амбиент за уживање и одмор за своето семејство, а тоа го сподели и со обожавателите што ја следат на Инстаграм.

Пејачката ја покажа дневната соба во која се наоѓа голема елка, подароци, сијалички и голем Дедо Мраз, а многумина искоментираа дека нејзиниот дом „сјае како Лас Вегас“.

 

Фото:  Инстаграм /  viki_miljkovic

Извор:     alo.rs/vip/estrada