Биди среќна што си жена, што имаш сила за 10 мажи и не троши ја на луди луѓе и предрасуди – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 8:58 PM

Биди среќна што си жена, што имаш сила за 10 мажи и не троши ја на луди луѓе и предрасуди

Замисли да си жена, а да живееш како маж. Тоа би било како да се тргне ранецот од грбот на некој првооделенец, односно да се изгуби некој огромен товар од кој се искривува грбот, неретко самиот живот. На жените им се додаваат годините на „нераѓањето прво дете“, им се прави притисок за отчукувањето на биолошкиот часовник,  се смета дека се себични доколку не сакаат второ дете и се перцепираат како движечки репродуктивни машини.

Ти се бориш со постпородилна депресија, не ти веруваат дека страдаш од неа, од тебе очекуваат да крвариш, а да бидеш на висина на мајчинската задача, додека ти се воспалуваат дојките. Тебе те обвинуваат ако немаш млеко, ти не му ја даваш на детето најдобрата храна, нешто со твоите гради не е во ред и тебе те убива вина.

Тебе ти се бројат килограмите пред и после породувањето,  ти си дебела и запуштена, тебе ти се советува каков костим за капење да купиш, тебе ти се советува како да изгледаш помладо, да имаш убав тен и кожа без лузни.

Ти си виновна ако детето се’ уште не оди, ако плаче во количката, ако јаде грицки, а не зеленчук, ти си виновна ако детето има хистерија или е молчеливо. Тебе ти се мери должината на фустанот, висината на потпетиците, ти гледаат во ноктите, петите, комбинацијата на алиштата…бидејќи се знае како жената треба да изгледа.

Тебе ти се бројат чекорите и ти се мери времето како да си во постојано натпреварување. Ти си „одговорна“ за квалитетот на фамилијарните односи, ти потсетуваш на родендените, ти си виновна ако некој од нив се заборави, ти ги купуваш подароците, од тебе се очекува да бидеш добра со сите роднини и си вештерка ако се спротивставиш.

Ти си умислена ако си амбициозна, ти имаш работа поради која децата трпат, тебе би ти било подобро да седиш дома, а мажот да работи.

Ти си виновна за разводот, бидејќи ти си жена и ти си вновна ако си изневерена, ти си виновна што си кажала повеќе од што си смеела, си била убава, или си го направила љубоморен. Ти си виновна ако почнеш живот по ова.

Ако си убава тогаш си глупава и не те сфаќаат сериозно.

Ако си паметна, тогаш немој да бидеш и убава, да те разберат сериозно.

Ако си своја, тоа не чини, треба да си сечија, а најмалку своја.

Ако си жена, биди среќна што имаш сила за десет мажи, почитувај се самата себе и сакај се бидејќи само така, таа сила нема да биде залудно потрошена на другите луѓе, нивните очекувања и предрасуди. Замисли што тогаш би можела да направиш, цел свет да го освоиш!

 

Извор:  stil.kurir.rs