Денес во попладневните часови кумановската полиција привела триесет и петгодишен маж, откако кај него пронашла пиротехнички средства.
Извршен е и претрес на дом и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти МВР.