(ФОТО + ВИДЕО) Новиот тренинг центар на Лестер изгледа навистина неверојатно – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 8:07 PM

(ФОТО + ВИДЕО) Новиот тренинг центар на Лестер изгледа навистина неверојатно

Испаѓање од Ватфорд во полуфиналето од плејофот во Чемпионшип, на најфилмскиот можен начин со промашен пенал на Наџент во последните минути од мечот и примен гол веднаш потоа. Промоција во Премиер Лигата следната година и гола борба за опстанок. Отпуштање на Најџел Пирсон и ангажирање на Клаудио Раниери. Стратегот кој целиот живот „бил втор“, го направи можеби најголемото фудбалско изненадување во историјата на спортот. Лестер во 2016-та ја освои Премиер Лигата и го шокираше светот.

Следната сезона „лисиците“ играа во Лигата на Шампионите, прогресирајќи дури до 1/4 финалето. Доаѓањето на Брендон Роџерс од Селтик, дополнително го стабилизираше Лестер и го етаблираше помеѓу најдобрите во најквалитетното светско клупско натпреварување.

Изминатите неколку години за клубот што ги освои срцата на сите неутрални љубители на фудбалот беа навистина неверојатни. Вртоглавиот раст на до вчера малиот „лифт“ клуб и мудрото и рационално трошење на ресурсите на индонезиските сопственици, најдобро може да се огледедаат, покрај резултатите, во најновото здание кое „изникна“ во Сигрејв.

Сто милионскиот тренинг центар на колективот од источен Мидлендс изгледа светски, феноменално и исклучително модерно.

Фудбалерите од машкиот и женскиот тим ќе можат да ги користат и ползуваат сите капацитети кои се простираат во тренинг центарот, од базени и спа-центри, до разноразни помошни стадиони, теретани и ресторани.

До вчера, ќе се пошегуваат фановите на Лестер, фудбалерите на нашиот клуб „се ладеа во гумени базени на дување“, а сега Џејми Варди и пријатели ќе можат конечно да се почувствуваат како вистински шампиони.

-Да имаш можност да се преселиш во еден од најнапредните тренинг центри во свето…многу сме возбудени, одвај чекаме, изјави тренерот на Лестер, Брендон Роџерс.

Центарот ќе го носи името на несреќно загинатиот газда на клубот „The Vichai Srivaddhanaprabha Building“.

Во продолжение, преку фотографии ви го претставуваме новиот тренинг центар на англискиот премиерлигаш, Лестер Сити:

 

 

 

 

Фото:

lcfc.com