Израелската филмска ѕвезда Гал Гадот го бранеше својот план да ја игра Клеопатра, по обвинувањата дека толкува улога наменета на обоена жена.
Според критичарите, арпаска или африканска актерка би биле совршен избор за толкување на ликот на античката египетска кралица Клеопатра . На ова тврдење од критирачите се спротистави Гал Гадот велејќи:
„Пред се, ако сакате да им бидете верни на фактите, тогаш Клеопатра беше Македонка“.
„Ние баравме македонска актерка што ќе биде соодветна да го толкува ликот на Клеопатра, но нашата потрага по Македонка не беше успешна, а јас имав голема желба да ја глумам египетската кралица, па така се случи улогата да ми биде доделена мене“, објасни Гадот.
Контроверзиите за оваа одлука избувнаа во октомври откако Гадот објави дека ќе ја глуми Клеоптара и ќе биде копродуцент на филмот. Хана Флинт од „Гардијан“ ја нарече одлуката „чекор назад за репрезентацијата во Холивуд“, додека режисерот Лекси Александар рече дека требало да се одбере афро-американска актерка, повикувајќи се на реконструкција на лицето на Клеопатра.
Фото: Twiter
Гадот на сето ова вели: „Имам пријатели од целиот свет, без разлика дали се муслимани или христијани, католици или атеисти, будисти или евреи… Луѓето се луѓе, а јас својот лик сакам единствено да го искористам за да го прославам наследството на Клеопатра и да ја возишам со мојата глума оваа неверојатна историска икона на која толку многу и се восхитувам “.
Гал Гадот цврсто стои на својот став и вели дека секој може да ја искористи својата креативноста како што сака и за што и да сака: „Секој ја има шансата да го снима овој филм и секој може да направи своја верзија. Јас сум решена и премногу возбудена за мојата нова улога и ќе го остварам она што го имам замислено“, вели таа.
Клеопатра – Македонка или Египќјанка?
Клеопатра, родена во античката египетска престолнина Александрија, била последниот владетел во династијата основана од македонскиот генерал Александар Велики Птоломеј, чии потомци управувале со Египет 300 години.
Долго време се сметаше дека се белци со висок степен на крвно-крстосувачко потекло. Но, постои мистерија околу идентитетот на нејзината мајка, што доведува до шпекулации дека Клеопатра можеби била од мешано наследство.
Во 2008 година, египтологот Сали Ен Ештон од музејот Фитцвилијам во Кембриџ создаде реконструкција на нејзиното лице од слики на антички артефакти. Тоа покажа дека Клеопатра имала мешана етничка припадност.
„Таа веројатно не била чиста Европејка“, изјави д-р Ештон во тоа време за „Дејли меил“. „Мора да запаметиме дека нејзиното семејство навистина живеело во Египет 300 години до моментот кога таа дошла на власт.
Во 2009 година во документарец на Би-Би-Си реконструиран е ликот на нејзината сестра Арсионе
Следната година, документарец на Би-Би-Си за откривањето на можниот скелет на сестрата на Клеопатра, Арсиное, сугерираше дека таа има мешано потекло.
Но, на почетокот на оваа година, Кетрин Бард, професор по археологија и класични студии на Универзитетот во Бостон, изјави за Newsweek: „Клеопатра VII била бела – со македонско потекло, како и сите власти на Птолемеј, кои живееле во Египет“.
Во 1963 година Елизабет Тејлор ја играше улогата на Клеопатра
Прославената кралица е играна на екран од низа бели актерки, најпознатата од нив е Елизабет Тејлор која ликот на Клеопатра го толкуваше во филмот од 1963 година за кој беше одвоен голем буџет.
Извор и фотографии: bbc.com