На граничниот премин „Богородица” откриени 15 мигранти од Авганистан – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 5:12 PM

На граничниот премин „Богородица” откриени 15 мигранти од Авганистан

Царински службеници вчера во товарно возило на граничниот премин „Богородица” пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца.

– На граничниот премин „Богородица”, на царинскиот терминал, вчера во 12 часот царинските службеници во товарно моторно возило „Волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С. (47) од Делчево, пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца, соопшти МВР.

Мигрантите, како што се наведува во полицискиот билтен, биле пренесени во транзитен центар за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.