Икер Касиљас се враќа во Реал Мадрид – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 4:03 PM

Икер Касиљас се враќа во Реал Мадрид

Овојпат во мирна и пријателска атмосфера, добредојден и дочекан како што доликува на една фудбалска големина.

Легендарниот голман на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, Икер Касиљас, се враќа во кралскиот клуб. Касиљас ќе ја извршува улогата заменик генерален директор во клупската фондација.

Поранешниот голман на Порто кариерата ја заврши минатото лето токму во португалскиот гигант, откако во 2015 го напушти Мадрид поради несогласувања со менаџментот и Флорентино Перез. Истиот оној Перез кој денес се одлучи на таков потег и реши барем малку да „го испере срамот“ за третманот врз симболот на една успешна ера на мадридскиот тим.

Од клубот преку соопштение до јавноста изразија огромно задоволство за враќањето на Касиљас во „својот дом“.

Тој дебитираше за Реал Мадрид на 16-годишна возраст и преку академијата беше интегриран во првиот состав. Во својата богата кариера освои три трофеи во Лигата на Шампионите, пет трофеи во Примера, Светско и Европско првенство со селекцијата на Шпанија.

Фото:
cnnespanol.cnn.com