Лабрадор секој ден сам со автобусот се возел до паркот за кучиња, си носел и билет – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 3:25 PM

Лабрадор секој ден сам со автобусот се возел до паркот за кучиња, си носел и билет

Лабрадор од Сиетл секој ден, во ист правец, сам се возел со автобус.

На постојката, тој трпеливо го чекал автобусот, влегувал во него и се симнувал на неколку постојки подалеку. Подоцна, на истата линија, се враќал назад.

Случајните минувачи и патниците од автобусот го забележале и биле љубопитни да дознаат што се случува и зошто кучето се вози само, секој ден во истата насока, уште повеќе зошто забележале дека кучето има залепено и билет за ременот.

Било откриено дека кучето, со дозвола на неговиот сопственик оди во паркот за кучиња. Тоа го знаело патот до паркот и најчесто со автобусот одел само.

Полицијата била запозната со приказната, а и кучето им било познато на сите возачи на автобуси на линијата по која патува кучето.

Приказната ги воодушевила патниците и сите се согласни дека ова е уште еден доказ за тоа колку се интелигентни кучињата.

index.hr