Нема веќе незаразен дел на планетата: Кoроната стигна и на Антарктикот – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 12:37 PM

Нема веќе незаразен дел на планетата: Кoроната стигна и на Антарктикот

Коронавирусот се прошири и на последниот континент на кој досега го немаше, на Антарктикот, јавува агенцијата Аги.

Во чилеанска воена база, по тестирање, е утврдено дека 36 војници се позитивни на Ковид-19. Базата се наоѓа на најсверниот врв од западната страна на Антарктикот, далеку од австралиската база на источната страна на Антарктикот.