Државна видеолотарија на Македонија: Правото на приредување интернет игри на среќа е уредено, дозволено и неограничено според Законот за игрите на среќа – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 12:24 PM

Државна видеолотарија на Македонија: Правото на приредување интернет игри на среќа е уредено, дозволено и неограничено според Законот за игрите на среќа

„Ниту Државната видеолотарија на Македонија нема право да приредува интернет игри на среќа и други, и изразува сомнеж дека тоа нема да го почитува“, е изјава на Асоцијацијата на спортски обложувалници дадена вчера за медиумите, а која предизвика реакција на Државната видеолотарија на Македонија.

Во нивната реакција стои дека прво, уредбата со законоска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба со која приредувачите на игри на среќа имаа право, преку интернет, да ги приредуваат игрите на среќа кои ги имаат уредено со Правилата за игри на среќа одобрени од страна на Министерството за финансии, согласно издадената лиценца, престанува да важи од 22.12.2020 година, односно сите приредувачи на интернет игрите на среќа кои вршеле приредување на интернет игри на среќа врз основа на Уредбата мора да прекинат со приредување на интернет игрите на среќа преку нивните платформи, стои во реакцијата на Државна видеолотарија на Македонија.

Како второ тие посочуваат дека Државна виделотарија на Македонија, како друштво основано со заедничко вложување на Државна лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернатионал ДОО, согласно член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ЗИСИЗИ) има право да ги приредува и интернет игрите на среќа до истекот на траењето на Договорот за основање, а овластувањето за приредување на интернет игрите го има од самиот закон (ex lege) и не подлежи на системот на лиценцирање како што подлежат другите приредувачи кои имаат намера да ги приредуваат и интернет игрите на среќа, стои во реакцијата од Државна видеолотарија на Македонија.

Тие потенцираат дека правото на Државна видеолотарија на Македонија да приредува интернет игри на среќа е уредено, дозволено и временски неограничено според Законот за игрите на среќа.Услугите на 2win.mk се достапни од 2015 година и ќе бидат непрекинато достапни и во иднина, реагираат на Државаната видеолотарија на Македонија.