Познат руски научник кој работел на вакцината против Ковид 19, пронајден е мртов – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 10:52 AM

Познат руски научник кој работел на вакцината против Ковид 19, пронајден е мртов

Познатиот руски молекуларен биолог Александар Саша Кагански е пронајден мртов во Санкт Петербург.

Кагански (45), тесно поврзан со Универзитетот во Единбург и познат по својата работа во борбата против ракот, паднал од 14-ти кат во една станбена зграда, пренесоа британските и руските медиуми. Тој бил во долна облека и имал убодна рана по телото.

Руската истражна канцеларија отвори истрага за убиството на Кагански и уапси 45-годишен осомничен, јави агенцијата ТАСС.

Осомничениот, наводно пријател на Кагански, рекол дека биологот бил психички нестабилен во пресрет на неговата смрт и се повредил со нож, пишува Билд.

Според осомничениот, Кагански скокнал од терасата кога се обидел да му го одземе ножот од раката. Полицијата верува дека на тоа му претходела физичка пресметкапомеѓу нив двајцата, да падне Кагански.

Кагански работел на Универзитетот во Единбург 13 години, сè до 2017 година.

Тој тогаш беше директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина при Федералниот универзитет во Владивосток, каде ја продолжи соработката со шкотската образовна институција.

Тој исто така работеше на развој на вакцина за корона вирусот. Тој замина во Санкт Петербург да ги посети гробовите на неговите роднини.

Преземено од: http://hr.n1info.com/
Фотогарфија:  YouTube screenshot