Утре напладне новиот градоначалник на Штип ја презема функцијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 9:35 AM

Утре напладне новиот градоначалник на Штип ја презема функцијата

Општината изборна комисија (ОИК) утре во 12 часот, ќе му го предаде решението за избор на нов градоначалник на Штип на Сашко Николов од СДСМ, кој победи на Предвремените локални избори што се одржаа на 13 декември.

Веднаш по предавањето на решението, Николов ќе влезе во градоначалничкиот кабинет, на примопредавање на должноста од актуелниот в.д. градоначалник Јане Миланов.

Николов до вчера се’ уште беше пратеник во Собранието на РСМ, каде во неделата учествуваше во донесувањето на државниот Буџет за 2021 година. По констатирањето на неговата оставка од пратеник, Николов ќе ја преземе новата функција, на која ќе остане само нешто помалку од десет месеци, до редовните Локални избори следната година.

Штип, со доаѓањето на Николов за градоначалник, губи еден пратеник од вкупно пет. ВМРО ДПМНЕ  од Штип има двајца пратеници, Левица еден, додека СДСМ ќе остане на еден пратеник. На местото на Николов во Парламентот од листата од калицијата на СДСМ, влегува Мухамед Кадриов од Велес.