СЗО: Новиот вид коронавирус пронајден уште во пет земји, освен во Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 11:38 PM

СЗО: Новиот вид коронавирус пронајден уште во пет земји, освен во Велика Британија

Новата мутација на коронавирусот што се појави во Велика Британија, регистрирана е и кај поединци во Австралија, Исланд, Италија, Холандија и Данска – соопшти денеска Светската здравствена организација.

Мајк Рајан од СЗО нагласи дека иако новата мутација се шири многу побрзо од претходно познатата варијанта, преносот не е толку брз како кај заушките и варичелата.

Марија Ван Керхове од Организацијата истакна дека новиот вид на коронавирус е пронајден во Јужноафриканската Република. Тој е сличен на оној од Британија, но случаите не се поврзани.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон соопшти на 19 декември дека новиот вид вирус довел до зголемен број заразени. Неколку европски држави веќе воведоа граничувања за патувањето во Велика Британија.

 

Извор:  blic.rs