Вкусни и лесни за подготовка: Протеински чоколадни колачи – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 10:31 PM

Вкусни и лесни за подготовка: Протеински чоколадни колачи

Благите работи вообичаено не се здрави, но не мора секогаш да биде така. Исклучок се протеинските колачи кои се превкусни и за кои рецептот може да го најдете во продолжение. Впрочем, овие колачи може да ги прилагодите на својот вкус и во секој момент да имате слатка опција на дофат на раката.

Во сад со средна големина измешајте пола шолја какао во прав, ¼ шолја овесно брашно, 1 шолја мелени бадеми, пола лажичка сода бикарбона и лажичка сол. Во ваквата смеса додадете пола шолја чоколаден протеин во прав, измешајте и оставете на страна.

Во друг сад изматете 6 лажички растопен и изладен путер со ¼ шолја кафеав шеќер, ½ шолја обичен шеќер и ¼ шолја путер со бадем. Додајте 4 јајца, а потоа и една лажичка екстракт од ванила. Првата смеса додадете ја на втората, мешајќи с најмалата брзина на миксерот.

При тоа, одберете додаток по ваш вкус – кикирики, лешник, ореви, сончоглед, бадеми или семе од сусам. По желба, може да додадете и суво овошје, а доволно ќе ви биде една шолја.

Дополнително може да засладите со чоколадни снегулки, трошки од кокос и слично.

Формирајте мали  колачиња (смесата е доволна за дваесетина) и распоредете ги во сад за печење, откако претходно ќе го обложите со хартија за печење. Печете околу 10 минути на 220 степени, а потоа свртете ги од другата страна и печете уште 10.

 

Фото:  Илустрација/freepik

Извор:  pink.rs