Короната ја спречила да го бакне татка си за последен пат, па смислила како да го има во прегратка засекогаш – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 9:57 PM

Короната ја спречила да го бакне татка си за последен пат, па смислила како да го има во прегратка засекогаш

Девојка почнала проект под името „Се’ уште сум со тебе“, на кој многумина се придружиле. Имено, таа почнала да изработува играчки од парчиња гардероба, што биле во сопственост на луѓе кои починале.

Поради пандемијата границите беа затворени па девојката не можела да дојде до својот татко кој бил на смртна постела, па така не можела со него да се збогува засекогаш. Затоа, дошла до идеја да направи мече од кошулата што нејзиниот татко ја носел последниот пат, за да може засекогаш да го прегрнува.

Откако луѓето дознале што направиле, почнале да и’ праќаат кошули од нивните блиски починати луѓе. Овој проект таа го нарекла „Се’ уште сум со тебе“.

 

 

Фото:  PrtScr / Ruptly

Извор:  telegraf.rs