„Ова живот ли е! Ако умреме барем да умреме среде секс“, вака велат муштериите на единствениот секси шоп кај нас, кои, како што објасни сопственикот Горан Милиќ ,најмногу се исплашени бидејќи „вирусот е непредвидлив“. Според него пред претстојните празници купувањето секси играчки е зголемено, бидејќи во оваа состојба во која што сме, кога нема никаква забава, сексот на лугето им е единствениот издувен вентил.
-А што да правиш, јас ги разбирам, удри брига на веселба, нема како поинаку. Се е отидено во бестрага. Се е затворено, ништо не функционира и затоа лугето се предадени на сексот, како единствено задоволство во вакво невреме. Навистина е зголемена побарувачката. Поради тоа имав дополнителна нарачка од Холандија, која во петокот стаса. Имаме и многу муштерии од Косово, доаѓаат во парови и купуваат, полнат кеси со разни секси играчки. Најмногу се троши најновата генерација вибратори со ултра чист силикон со 12 степени на вибрација и пулсирање а може и да ротира. Оваа генерација вибратори многу ја сакаат, бидејќи не се на батерии, туку на вајорлес. Сите муштерии многу ги сакаат вајорлес производите, нема веќе влечење кабли и жици туку се е безжично. Интересно е што вибраторите ги купуваат и мажите и жените, но не заостануваат и куклите, ултра реалистични со оригинална тежина висина и шминка, како да е жива. Само четворица од кај нас купиле, бидејќи чинат над 2.000 евра. Најскап производ е реалниот силиконски задник од црномуреста жена кој чини 25.000 денари и е со два отвора. Толку е реален силиконот што навистина можеш да го помешаш со вистински, објаснува Милиќ, сопственик на секси шоп „Валијант“.
Во рамките на секси шопот фунционира и стриптизета Ани Црна Мачка, а од неодамна таа си добила уште една колешка Стефани Ред Енџел, која Ани ја обучува. Милиќ вели дека поради корона вирусот тие не одат на настапи, бидејќи веќе таквите приватни журки се забранети, па тие се активни само за потребите на секси шопот.
-Немаат настапи надвор од шопот, туку исклучиво во кабина, каде постои плекси глас и нема никаков контакт со муштеријата. Но, без оглед што постои плексиглас задолжително носат маска и двацата. Искрено луѓето се желни да видат убаво женско тело облечено во убава еротска облека. Мажите кои доаѓаат велат нивните жени дома не искачаат од пижами. Мажи ко мажи, убаво им е да видат женско тело како се извитукува во ритамот на музиката. Ова што го кажувам е се од муабети со муштериите, искрени се. Немам никаков проблем јас со моите муштерии, сите носат маски кога ќе доаѓаат кај нас. Евентуално ако се случи да нема ние им даваме бесплатни и им ги дезинфицираме рацете. Некако сватија дека тоа е животот, мораат да најдат начин да се забавуваат и сите се во исчекување на пролетта, дека ќе се среди се и летоска ќе си бидеме во нормала, додава Милиќ.