Шестгодишната Есра, која ја загуби ногата во напад на Асадовиот режим, сонува за протеза за ногата – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 8:45 PM

Шестгодишната Есра, која ја загуби ногата во напад на Асадовиот режим, сонува за протеза за ногата

Шестгодишната Есра Салих, која ја загуби левата нога во нападот на режимот на Башар ал Асад во сириската покраина Идлиб, сонува за денот кога ќе стави крај на солзите поради животот со патерици и за денот кога ќе добие протеза за ногата, пишува Агенција Анадолија (АА).

Приказната за 6-годишната Есра, која пред 3 години ја загуби левата нога во воздушниот напад на режимот на Асад, е срцепарателна.

Есра е родена во 2014 година во најтешкиот период на граѓанската војна во Сирија, заедно со нејзиното семејство го напушта нивниот дом откако терористичката организација ДЕАШ го зазеде селото Харбил на северот од Алепо во 2015 година и започнаа да живеат во Идлиб.

Семејството, кое избега од терористите на ДЕАШ, во Идлиб беше погодено од нападите на режимот на Асад.

Како резултат на бомбата што падна во куќата во која живееше семејството во Алепо во 2017 година, Есра ја загуби левата нога, додека тетката и двајцата братучеди на малото девојче загинаа на местото на нападот.

Семејството набргу по инцидентот мораше да го напушти Идлиб и да се смести во шатор во областа Азез, што е под контрола на опозицијата, и тука се обидува да ја заборави болката што ја оставија зад себе.

На Есра, која не може да трча и да игра како нејзините врсници на училиште, веќе 3 години ѝ течат солзи од тага поради тоа што е осудена да се движи со помош на патерици.

Таткото на Есра, Хабиб Салих, често пати ја носи на својот грб неговата ќерка на училиште за да не дозволи да се умори.

Хабиб, кој чека помош за протеза, сонува за денот кога Есра ќе зачекори кон својата среќа, без да зависи од патериците.

Селото Харбил сè уште е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

– „Одењето со патерици ми ја повредува душата“ –

Есра за дописникот на АА рече: „(Пред 3 години) ме повредија авионите додека играв со моите пријатели во Идлиб. Ја изгубив левата нога, бев повредена и во раката. Во нападите загинаа моите другари и братучеди.“

Истакнувајќи дека денот го поминува играјќи игри со пријателите и пишувајќи ги домашните задачи, Есра вели: „На училиште одам со патерици. Понекогаш и на грбот на мојот татко.“

„Мојот сон е да се ослободам од патериците и да одам како моите пријатели и да трчам како нив. Одењето со патерици ми ја повредува душата“, вели низ солзи Есра.

– „Единствениот мој сон е ќерка ми да може да трча и да игра како другите деца“ –

Нејзиниот татко Хабиб Салих, наведувајќи дека се обидува да биде трпелив, рече дека во нападот загинале неговата сестра и двајца внуци.

Тој, исто така, додаде дека единствениот сон му е ќерката да може да трча и да игра како и другите деца.