Поради прекршување на прописите во обидот да се доведе српскиот кошаркар во свои редови, НБА лигата ги казни Милвоки Бакс со одземање на вториот пик на драфтот во 2022 година, пренесува Шемс Шаранија од „The Athletic“.
Американските медиуми во трансфер рокот го преселија Богдан Богдановиќ во тимот на Милвоки Бакс, но потенцијалниот трансфер пропадна и приказната доби поинаква завршница. Некогашниот кошаркар на Партизан и Фенербахче, како слободен играч од Сакраменто Кингс замина во Атланта Хокс.
НБА лигата покрена истрага поради тоа што Бакси пристапиле кон разговори со играчот во моментите кога тоа не било дозволено.
Новата сезона на најдобрата клупска светска кошарка започнува вечерва по полноќ.