Голот на Радановиќ, Младен Делиќ и ноќта кога Југославија викаше: „Дали е ова можно?“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 7:08 PM

Голот на Радановиќ, Младен Делиќ и ноќта кога Југославија викаше: „Дали е ова можно?“

Се случи на денешен ден.

„Нема повеќе време за било што. Нема време, 45:38…Вујовиќ, Вујовиќ…па еве шанса, гол!”

Поминаа точно 37 години од овие култни зборови на коментаторот Младен Делиќ во текот на мечот на кој Југославија обезбеди пласман на Европско првенство.

Тој 21 декември, 1983 година, одигран е еден од најспектакуларните и највозбудливите натпревари на фудбалската репрезентација на Југославија, а случувањата од самата завршница влијаеа овој меч да стане незаборевен и легендарен до денешен ден.

„Сините“ на сплитскиот „Пољуд“ ја угостија Бугарија во последниот дуел од квалификациите за ЕУРО 1984, во кои двете селекции само со победа би имале прилика да се пласираат на завршниот турнир. Во случај на нерешен резултат, на Европското би патувал Велс.

Бугарите поведоа преку Искренов во првото полувреме, две минути подоцна Сафет Сушич изедначи, а популариот „Папе“ повторно се запиша во листата на стрелците во 53-тата минута. Бугарите преку Димитров стигнаа до 2:2 и во последните 30 минути се играше „гол за гол“.

И едните и другите јуришаа кон казнениот простор на ривалот со желба да стигнат до победа која ќе ги одведе на Европско првенство. Кога во 90-тата минута голманот на Југославија ја фати топката, судијата веќе гледаше на својот часовник. Следеше деганжирање на топката до левата страна кадешто беше Златко Вујовиќ, а потоа Младен Делиќ во делириумот пред 30.000 луѓе го опиша она што и денес се памети.

Со гласот кој „пукаше“ малку по малку, Делиќ го извикуваше името и презимето на стрелецот Љубомир Радановиќ и тоа неколку пати.

Беше тоа прв од трите голови кои играчот на Партизан ги постигна во дресот на Југославија и се запиша во историските книги на фудбалот на овие простори.

На „Пољуд“ трибините одвај ја издржаа жестоката прослава, а таквото воодушевување практично оттогаш до денес никогаш не е забележано на сплитскиот стадион.

Беше тоа последното Европско првенство на кое СФРЈ настапи.

 

 

 

Извор:

mondo.rs/sport/fudbal

 

Фото:

Screenshot/ Youtube / Smokvin List