После подолг период, порибена е реката Пена. Од здружението Риболовец, апелираа да се почитува забраната за риболов која трае до 21 април, со цел рибата да се размножи во реките.
Се работи за порибување со 100 килограми речна пастрмка. Порибувањето го изврши здружението Риболовец од Брвеница, кој е концесионер на риболовната зона во тетовско.
Од здружението апелираа да се почитува забраната за риболов која трае до 21 април, се со цел рибата да се размножи во реките Пена и Вардар.
Од риболовното друштво со порака – надлежните повеќе внимание да обрнат и на чистотата на реките, која е неопходна за здрав развој на рибниот фонд.
Зоран Димовски