Најплатените личности за 2020 година: Кајли Џенер заработи на козметика и акции, Кание Вест на патики – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 3:19 PM

Најплатените личности за 2020 година: Кајли Џенер заработи на козметика и акции, Кание Вест на патики

Списанието „Форбс“ објави дека Кајли Џенер е најплатена славна личност во 2020 година, со приход од 590 милиони долари во претходните дванаесет месеци. Се верува дека 23-годишната девојка собрала поголем дел од овие пари со продажба на 51% од акциите на нејзината компанија „Кајли Козметика“ на козметичката марка „Коти“ во јануари годинава.

Втор на листата на најплатени познати личности е Кание Вест, кој ја започна својата кариера како музички продуцент и рапер, а денес се занимава и со моден дизајн. Може да се пофали со заработка од 170 милиони долари во 2020 година, пред се благодарение на популарноста на нејзините YEEZY патики, кои ги произведува и продава во соработка со Адидас.

Следните три места на списокот на списанието „Форбс“ ги заземаат спортисти: Роџер Федерер, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Славниот тенисер инкасираше 106,3 милиони долари во 2020 година, иако беше повреден во поголемиот дел од сезоната. Роналдо и Меси, големи ривали на фудбалскиот терен, се рамо до рамо и заработуваат. Фудбалерот на Јувентус во 2020 година имаше приход од 105 милиони долари, а играчот на Барселона од 104 милиони долари.

Еве го комплетниот список на 10-те познати личности кои заработија најмногу во 2020 година: КајлиЏенер – 590 милиони долари
Кание Вест – 170 милиони долари
Роџер Федерер – 106,3 милиони долари
Кристијано Роналдо – 105 милиони долари
Лионел Меси – 104 милиони долари
Тајлер Пери – 97 милиони долари
Нејмар – 95,5 милиони долари
Хауард Стерн – 90 милиони долари
Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари
Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари

Преземено од: https://www.maxim.com/