Ниските цени ги преполовија стадата со овци во општина Ново Село – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 3:17 PM

Ниските цени ги преполовија стадата со овци во општина Ново Село

Се помалку овчари во струмичко Ново Село, ниските цени ги преполовија стадата во ова општина во чии населени места своевремено имаше по најмалку 20 тина стада со овци. Сега на прсти се бројат поголемите овчари во ова општина кои се жалат дека се потешко и понеисплатливо станува овчарството.

Причина биле ниските откупни цени на јагнињата и суровото млеко па добар дел од овчарите од подогражденскиот и подбеласичкиот регион ги продале своите стада.Вака раскажува Стојан Шајкаров од Ново Село кој цел живот одгледува овци но последниве години го намалил стадото. Секојдневно стадото го изнесува на паша по околните ридови но и новоселското поле. Вели дека ќе го чува стадото се додека го држат нозе ама станува се потешко со актуелните цени и немањето доволно пласман
Според државниот завод за статисика минатата во споредба со 2018 та година е забележано намалување на бројот на стадата со овци кај индивидуалните сточари за околу 5 проценти а кај деловните субејетки за околу 43 проценти.

Ване Трајков