Се што е сум мислел дека е убаво во животот, помножено со милион, ете вака Марко Маринковиќ, попознат како Слаткар се чувствува во улогата на татко. Тој и неговата сопруга Сања се препуштени сами на себе околу грижата за Моша, а млади родители е, ова им е прво дете, па нормално е да им треба помош од бабите. Но, Моша се роди за време на полицискиот час пред осум, па од тогаш до сега поради препораките за социјална дистанца и не мешање, кои сеуште важат, се навикнаа во улогата на родители и да му угодуваат на Моша. Слаткар веќе е искусен татко и, како што вели, со Сања го чуваат на смени.
– Во улогата на татко јас уште се навикнувам,но главно сум многу спремен татко. Секој нов ден учам нешто ново затоа што од ден на ден и тој осознава нови и нови работи. Морам да сум подготвен. Моша го обожавам, навистина го обожавам него! Најмногу кога станува од спиење затоа што тогаш е најмил и најмирен, вели Слаткар.
Името е необично за нивниот син, но, како што вели Слаткар, Сања е Еврејка по мајка, а Моша е старо еврејско име.
-Кај нив во фамилија нашиот Моша е осми низ вековите. Традицијата продолжува“, вели Слаткар.
На оние кои не го познаваат и им е чудно ова што го раскажува Слаткар, едно објаснување во негов шеговит стил.
-Сања ништо не ми помага, спие до 11 часот, само слуша музика, пишува песни и рапува по цел ден. Хахаха… Се шегувам, нормално… Поради пандемијата сами се грижиме за него, бидејќи мора да држиме дистанца со најблиските. Па, уште не се навикнав на непроспиените ноќи, но “работиме” во смени. Јас легнувам околу три по полноќ, а Сања станува во шест сабајле така да се покриваме колку што е можно. Инаку навистина го чуваме потполно сами баш поради ситуацијава. Не можам да ја опишам љубовта кон Моша. Кога прв пат го видов, го земав во раце се’ што сум мислел дека е убаво во животот помножено со милион не може да се спореди со тоа чувство, призна Слаткар и додава:
– Моша ме направи сериозен. Нормално е дете да те „уозбили“, а и плус роден е во полициски час и на се што се случува во моментов треба да се пристапи одговорно. Моша има осум месеци, па уште е на гугу-гага прави, но јас навивам првиот збор да му биде „мама“а не „тато“, вели Слаткар и дообјаснува дека размислуваат за проширување на семејството:
– Затоа и кажав дека првиот збор сакам да му биде „мама“. Старите викаат дека ако првиот збор му е „тато“ следното дете ќе биде машко, а ако првиот збор му е „мама“ ќе биде женско, вели тато Марко.