За шест часа контрола исклучени од сообраќај 14 алкохолизирани возачи во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 11:56 AM

За шест часа контрола исклучени од сообраќај 14 алкохолизирани возачи во Штип

Штипската сообраќајна полиција, во саботата на 19.12.2020 година, во времето од 16.00 до 22.00 часот, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

-Од извршената контрола кај 14 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 39 останати прекршоци, соопшти СВР Штип.